четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Возел пијан и без дозвола, притвор за 21-годишникот што прегази пешак во...

Возел пијан и без дозвола, притвор за 21-годишникот што прегази пешак во Марино

55

ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од КЗ. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март, во Марино, управувал автомобил „киа“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол, со концентрација од 0,94 % во крвта.

Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди, од кои тој починал.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител достави до судијата на претходна постапка предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО.

 

ИЗДВОЕНИ