Црвениот крст на град Скопје почна со теренски активности насочени кон справување со најавените топлотни бранови.
Согласно со искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје патролираат низ градот, укажуваат прва помош, по потреба вршат транспорт на граѓани до здравствени установи, дистрибуираат вода и информативни летоци со препораки за заштита од високите температури.
– Денеска и утре, мобилните тимови се на терен во периодот од 11:00 до 16:00 часот. Во активностите се ангажирани 30 волонтери, распоредени во 10 тима, со поддршка од 6 возила. Планирана е дневна дистрибуција на 1.000 шишиња, односно 500 литри вода – соопштија од Црвениот крст на Град Скопје.
Оттаму додаваат дека со овие активности, активно се придонесува кон заштитата на здравјето на граѓаните, со посебен акцент на превентивните мерки и теренската поддршка што ја обезбедуваат нашите обучени волонтери.












