Потенцијалниот продолжен конфликт со Иран би можел да ги чини американските даночни обврзници најмалку 1 трилион долари, и покрај тврдењата на Пентагон дека цената на војната е 29 милијарди долари, изјави Линда Билмес, експерт за јавна политика на Харвардската школа Кенеди. Таа предупреди во објава на социјалните медиуми дека војните речиси секогаш траат подолго и чинат повеќе од првично проценетото.
– Низ историјата, оние што влегуваат во војни имале тенденција да бидат претерано оптимистични во врска со трошоците и времетраењето на конфликтот. На пример, Русија мислеше дека ќе ја преземе контролата врз Украина за неколку недели. Претседателот Џорџ В. Буш го отпушти својот економски советник, Лари Линдзи, бидејќи предвидел дека војната во Ирак може да чини 200 милијарди долари, а на крајот чинеше 5 трилиони долари – наведе Билмес.
Пентагон во вторникот соопшти дека војната против Иран чини 29 милијарди долари, што е зголемување во однос на првичната проценка од 25 милијарди долари што му ги даде на Конгресот пред две недели.
Неименуван висок функционер на Пентагон изјави дека новата проценка на трошоците од конфликтот во Иран ги вклучува ажурираните трошоци за поправка и замена на опрема, како и оперативните трошоци.
Претходно објавената проценка од 25 милијарди долари е прениска и не ги вклучува трошоците за санирање на штетите на американските бази на Блискиот Исток, наведува СиЕнЕн.












