вторник, ноември 17, 2026
Дома СВЕТ Воен Ан-12 се урна во Сибир, цел екипаж загина/ВИДЕО

Воен Ан-12 се урна во Сибир, цел екипаж загина/ВИДЕО

0

Воен транспортен авион Ан-12 се урна денес во Кемеровскиот регион во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица во него, објави „Известија“, повикувајќи се на информиран извор.

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот.

Претходно беше објавено дека авионот што се урна во селото Јагуново во Кемеровскиот регион е прелиминарно идентификуван како воен авион Ан-12.

Причините за инцидентот сè уште не се разјаснети.

Гувернерот на Кемеровскиот регион, Иља Середјук, објави дека се случила авионска несреќа во близина на селото Јагуново, а службите за итни случаи се на местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ