Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно хлорирање.
Водата може да се користи исклучиво како техничка вода и не се препорачува за пиење.
Од ЈКП „Шари“ – Тетово информираат дека јавноста ќе биде навремено известена кога водата повторно ќе биде безбедна и ќе може да се користи за пиење.












