Експлозија се случи во близина на летната градина на кафуле на плоштадот Кудрински во центарот на Москва. Три лица загинаа, соопшти московската полиција.
„Според моментално достапните информации, експлозија се случи вечерва околу 20:10 часот во близина на летната градина на кафуле, при што загинаа три лица, а 15 други се повредени со различна тежина“, се вели во соопштението на прес-службата на полицијата, објавено од ТАСС.
Истражните тимови и службите за итни случаи се на местото на несреќата, во близина на зградата на плоштадот Кудрински број 1.












