Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача на излезот од Охрид.

Според првичните информации, има жртва во несреќата, но се уште се чека на извештајот од увидот што е во тек.

-На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид.

Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт а полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на незгодата, соопшти СВР Охрид.

Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин. Инаку, поради празничниот викенд моментално сообраќајот на тој патен правец е со засилен интензитет, со голем број возила на гости и туристи.

ИЗДВОЕНИ