Во Србија повисоки плати за полицајците, специјалците и за вработените во јавниот сектор

22

Платите во јавниот сектор во Србија ќе се зголемат за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Тој изјави дека кумулативното зголемување оваа година со зголемувањето од 1 јануари за образованието ќе биде 28,6 проценти, а за здравството 19,2 проценти и најави дека државата ќе најде сила дополнително да ги зголеми платите за полицијата, за специјалните единици, за Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти и за операторите на тенкови.

Вучиќ изјави за телевизијата „Прва“ дека минималната плата е зголемена кумулативно за 37 проценти за 13 месеци, додавајќи дека пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти од 1 декември и ќе бидат исплатени околу 6 јануари, што значи дека кумулативното зголемување на пензиите за 12 месеци изнесувало 24,4 проценти.

Тој рече дека стапката на инфлација во октомври била 2,8 проценти и дека се вратила во планираните граници.

Зборувајќи за инвеститорите што заминуваат, тој изјави дека „Геокс“ и „Бенетон“ биле првите што си заминале, дека Владата се бори „Дрекселмаер“ да остане во Србија и дека „Кентаур“ го напуштил Врање затоа што рекле оттаму дека „немале таква минимална плата“, но дека баварската компанија за производство на чизми вработила 130-140 луѓе.

Вучиќ смета дека следната година ќе биде година на исклучителен раст и дека Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека Србија ќе биде број 1 или 2 на ниво на цела Европа до 2030 година, пренесува „Данас“.

ИЗДВОЕНИ