Во споредба со август 2025 година, потрошувачката на природен гас во август годинава е намалена за 13 %, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7,1 %, покажуваат најновите статистички податоци.

– Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во август 2026 година изнесувало 506.386 мегават-часови (MWh), што претставува 97,2 % од бруто-домашната потрошувачка, објави Државниот завод за статистика.

Во август, вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 520.849 MWh, на природен гас 17,563 милиони нормални кубни метри (nm³), на јаглен 175.578 тони и на нафтени продукти 119.046 тони. Според податоците, 99,9 % од вкупната потрошувачка на јаглен биле употребени за производство на електрична енергија.

 

ИЗДВОЕНИ