понеделник, октомври 5, 2026
Дома СКОПСКА Во септември подигнати 14.320 тони ѓубре од домаќинствата во Скопје

Во септември подигнати 14.320 тони ѓубре од домаќинствата во Скопје

1

Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во септември подигнале и транспортирале 14.320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во истиот период биле отстранети и 3.040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии, 545 кубни метри, било подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затечени при прекршување на Законот за јавна чистота.

– ЈП „Комунална хигиена“, преку рачно и машинско метење и миење, секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и целокупниот простор на Старата скопска чаршија – соопштија од претпријатието.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ