Почна пролетното хортикултурно уредување на територијата на Општина Карпош, во рамките на кое ќе бидат насадени околу 1.000 садници, кои се повеќегодишни украсни растенија.
Садниците од видот фотинија, туја, нандина, боксус и други ќе бидат насадени на претходно утврдени локации во целата општина, каде што веќе има поставено системи за наводнување и каде што ќе има лица задолжени за полевање.
– Вложувањето во животната средина е трајна придобивка за сите сегашни и идни генерации. Општина Карпош, како најзелена општина во целата држава, ќе продолжи да ја негува оваа традиција, која е посветена на создавањето нови, зелени површини – нагласија од локалната самоуправа.












