Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е 39 отсто повеќе во споредба со тој месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со издадените одобренија е предвидена изградба на објекти со вкупна проценета вредност од 6,36 милијарди денари, што претставува раст од 31 отсто во однос на јуни минатата година.
Најмногу одобренија за градење се издадени во Полошкиот Регион – 70.
Од вкупниот број одобренија, 200 или 67,6 отсто се однесуваат на објекти од високоградбата, 26 или 8,8 отсто на објекти од нискоградбата, додека 70 или 23,6 отсто се за реконструкција.
Поголемиот дел од инвеститорите се физички лица. Од вкупно 296 објекти, кај 218 или 73,6 отсто како инвеститори се појавуваат физички лица, додека кај 78 или 26,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Според издадените одобренија, во јуни е предвидена изградба на 754 стана со вкупна корисна површина од 64.266 квадратни метри.
Податоците укажуваат на зголемена градежна активност во однос на тој период минатата година, како според бројот на издадени одобренија така и според предвидената вредност на објектите.












