понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поднесено итно обвинение за сторени три кривични дела против Кристијан Корабоски

Поднесено итно обвинение за сторени три кривични дела против Кристијан Корабоски

1

Под силен притисок од јавноста Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против Кристијан Корабоски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара. Обвинителството откако направи разговор со девојката, нареди вештачења и собра докази, сега бара мерка притвор за осомничениот

-Итно ги презедовме сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесено е обвинение против едно лице за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.
При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.
Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.
Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти доцна попладнето ОЈО.

ИЗДВОЕНИ