понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАГАЗИН „Фати го ако можеш“: Леонардо Ди Каприо го прослави 52-риот роденден во...

„Фати го ако можеш“: Леонардо Ди Каприо го прослави 52-риот роденден во друштво на холивудски ѕвезди – група девет жени кои пристигнаа со автобус го украде вниманието

0

Американскиот актер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 52-ри роденден на ексклузивна забава во Беверли Хилс, на која присуствуваа бројни славни гости, меѓу кои Ал Пачино, Џастин Трудо, како и парот Џеф Безос и Лорен Санчез. Посебно внимание привлече група од девет жени кои заедно пристигнаа на прославата со автобус, пренесува британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph).

Меѓу жените што пристигнаа на забавата беше и Кортни Борнер, учесничка во реалното шоу „Love Island USA“.

На прославата присуствуваа и многу актери со кои Ди Каприо соработувал во текот на својата кариера, вклучувајќи ги Тоби Мегваер, Кејси Афлек, Орландо Блум и Џона Хил, кој глумеше покрај него во филмот „Волкот од Волстрит“.

Меѓу другите гости беа и манекенката и актерка Кара Делевињ, како и актерите Едвард Нортон, Адриен Броди и Александар Скарсгорд.

Според американскиот портал TMZ, раперот Фифти сент – ​​пријател на актерот – го изненадил со настап на роденденската прослава.

Дикаприо е познат и по своите врски со значително помлади манекенки и актерки. Од август 2023 година, тој е во врска со 28-годишната италијанска манекенка Виторија Черети.

Пред неа, една од неговите најекспонирани врски беше онаа со манекенката и актерката Камила Мороне; парот беше заедно пет години пред да раскинат во 2022 година, само неколку недели по нејзиниот 25-ти роденден.

Актерот претходно беше поврзуван и со данската манекенка Нина Агдал – која имаше 24 години кога ја започнаа врската во 2016 година – како и со актерката Кели Рорбах, која во тоа време имаше 25 години. Неговиот љубовен живот стана дури и предмет на шега на овогодишното доделување на наградите „Златен глобус“, кога водителката Ники Гласер иронично забележа дека, иако Ди Каприо постигнал многу успеси во текот на својата кариера, „најимпресивното е тоа што успеал да го направи сето тоа пред неговата девојка да наполни 30 години“.

Камерата потоа се префрли на актерот, кој се насмеа и покажа палец нагоре.

Во текот на својата кариера, Ди Каприо остварил бројни забележителни улоги; меѓу неговите најпознати филмови се „Титаник“, „Волкот од Волстрит“ и „Беше еднаш… во Холивуд“, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ