вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Во Бутел 525 пензионери ќе добијат финансиска помош

Во Бутел 525 пензионери ќе добијат финансиска помош

855

Петстотини дваесет и пет пензионери од Општина Бутел ќе добијат финансиска помош. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите.

– Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани. Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик и до крајот на неделата ќе бидат исплатени сите наши пензионери – истакна Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ