вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Студенти меѓу вработените во општинската администрација

Студенти меѓу вработените во општинската администрација

64

Општина Центар ќе ангажира пратиканти-студенти и /или апсолвенти од меѓународни и од приватни факултети што се жители на оваа општина, во различни сектори, во зависност од потребите на општинската администрација.
На тој начин им се овозможува на студентите и на апсолвентите да стекнат практично искуство работејќи во општинската администрација.
За таа цел, Општина Центар објави јавен повик за практикантство.

– Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и за свежи идеи – порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Практикантите за времетраењето на ангажманот ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студенти или апсолвенти, копија од лична карта, број на трансакциската сметка и кратка биографија.

Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Согласно со Законот за практикантство, Општина Центар ќе ангажира најмногу осуммина практиканти, а практикантството може да трае најмногу шест месеци и е еднократно право.

 

ИЗДВОЕНИ