вторник, август 11, 2026
Дома СВЕТ Внимателно на одмор во Грција: И обично скенирање на кју-ар кодот на...

Внимателно на одмор во Грција: И обично скенирање на кју-ар кодот на ресторанското мени им ги празни сметките на туристите

1
EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

И оваа сезона туристите што летуваат во Грција треба да бидат многу внимателни за да не останат без пари. Киберизмамниците се сè поитри и ги демнат на сите стани – им праќаат лажни СМС-пораки со кои, претставувајќи се како државни институции бараат да платат казни или, како изнајмувачи на сместувањето бараат лични податоци и пари, а знаат да им ги испразнат сметките дури и преку кју-ар кодовите на менито на рестораните.

Дарко Наталиќ, стручњак за комуникација од областа на кибербезбедноста од компанијата „Касперски“, предупредува дека криминалците често доаѓаат до телефонските броеви и до податоците за патувањето благодарение на претходното протекување податоци од платформите за резервација на сместување, вклучувајќи го и „Букинг“, пишува „Блиц“. Како што објаснува тој, најчесто се појавуваат два вида измами. Првата вклучува лажни пораки во кои измамниците се претставуваат како државни институции и бараат од туристите итно плаќање даноци, такси или казни за паркирање. Другото вообичаено сценарио се однесува на резервациите за сместување. Туристите добиваат пораки што изгледаат како да се испратени од сервисот преку кој го резервирале апартманот, со кои се бара од нив повторно да извршат плаќање или да дадат лични информации и информации за банкарската картичка.

– Државните институции нема да испраќаат СМС-пораки со линкови за итно плаќање, ниту ќе ве замолат да доставите чувствителни податоци на овој начин – предупредува Наталиќ.

Експертите, исто така, советуваат претпазливост при скенирањето кју-ар кодови во рестораните и на туристичките локации, бидејќи измамниците може да залепат лажни кодови што водат до фишинг-страници дизајнирани да крадат податоци. Јавните вај-фај мрежи се, исто така, ризик. За плаќање и пристап до електронско банкарство, се препорачува да се користи мобилен Интернет или вај-фај заштита, така што личните податоци и парите ќе бидат побезбедни во текот на летувањето.

ИЗДВОЕНИ