
Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, наскоро ќе стане нов член на Бешикташ. Се очекува преговорите меѓу турскиот клуб и 26-годишниот фудбалер да бидат финализирани, а Србинот тогаш ќе се упати кон Истанбул.
Плата од осум милиони евра нето годишно, плус бонуси, ќе ги задоволи сите негови желби, но Влаховиќ оди во Турција понижен бидејќи сфатил дека грубо ги преценил своите можности.
Овој фудбалер чекал понуди од најдобрите европски клубови, мислел дека ќе ги добие, но не ги добил и затоа Бешикташ на крајот бил единствената опција.
„Душан Влаховиќ мислел дека ќе добие бројни понуди од врвни клубови. Сепак, реалноста е поинаква. Тој не добил ниту една понуда од клубови во петте најдобри европски лиги“, вели угледниот италијански новинар Нико Скира и открива:
„Единствениот клуб што покажал интерес за него е Бешикташ.“
Ова е секако поразителен факт за српскиот напаѓач кој дефинитивно се прецени себеси бидејќи мислел дека е повисока класа отколку што е.
Влаховиќ не блескаше ниту во редовите на Јувентус. Покажа премалку, особено во големите натпревари, за човек кој беше платен 84 милиони евра и кој беше најплатен играч во Серија А со плата од 12 милиони евра нето.
Јувентус сакаше да го задржи и покрај сè, но понудата да зараборува плата за 50 проценти помала не му допадна на Влаховиќ и на неговите агенти.
На крајот се обиде да се врати на преговарачката маса, но Јуве одлучи да не троши време и пари на играч кој не го ценеше сè што му беше понудено и се сврте кон други опции.
Влаховиќ сега со задоволство би ја прифатил понудата на Јувентус, иако е пониска од онаа што ја има од Турција.
„Влаховиќ е подготвен да ја прифати понудената плата од шест милиони евра, а исто така ја намали и цената за потпишување од 15 на седум-осум милиони евра. Проблемот го предизвика неговиот татко Милош, кој сакаше 8-10 милиони евра за себе. Јуве беше подготвен да даде само пет“, вели Скира.
За Влаховиќ, одењето во Бешикташ станува еден вид ресетирање на кариерата. Наместо да биде фокусна точка на некој гигант од Премиер лигата, Ла Лига или Бундеслигата на 26 години, тој ќе мора да се докаже на турските терени и да се обиде да го врати статусот на напаѓач за најголемата сцена преку Истанбул.
Ако не успее и во Турција, тоа ќе биде дефинитивен доказ дека приказната за Влаховиќ како елитен напаѓач беше само надуен меур. Меѓутоа, ако неговата тврдоглавост успее и почне да постигнува низи голови, можеби повторно ќе ја отвори вратата кон главните лиги.











