Владо Георгиев својот солистички концерт во скопскиот СЦ „Јане Сандански“ кој беше закажан за 20 март, воедно се откажа, а новиот датум е 24-ти април. До поместување на концертот дојде поради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организациски тим“ кој не го информира дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи, се вклопи со годишнината од трагедијата во Кочани.
–Според мене не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, ама навистина не е во ред. Затоа концертот ќе биде на 24-ти април. Јас со нетрпение ве чекам онака, господски, порачува овој популарен црногорско-српскиот пејач, миленик на многу жени во Македонија.
Кон сето тоа денот на самиот концерт се паѓал и на верскиот празник Рамазан Бајрам, што за пејачот било дополнителна причина за поместување на неговото одржување, за 24-ти април.
-Со голема радост го очекуваме доаѓањето и настапот на Владо Георгиев во Скопје, а се извинуваме за поместувањето на концертот. Ви ветуваме незаборавна забава и вечер за која долго ќе се зборува, порачуваат грижните и љубезните организатори со напомена дека веќе купените влезници ќе важат и за новиот датум – 24 април.
Оние што сакаат сепак да ги вратат купените влезници,од било кои причини, барајќи поврат на парични средства од купените влезници, повратот ќе им се извврши на местото каде што влезницата е купена.












