четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се гради нова полициска станица во Кисела Вода

Ќе се гради нова полициска станица во Кисела Вода

559

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на нова полициска станица.

Од Општина Кисела Вода соопштија дека овој документ претставува значаен чекор кон зајакнување на безбедноста и подобрување на услугите за граѓаните во општината.

-Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи директно обезбедуваат поголемо полициско присуство, побрза и поефикасна реакција, како и подобра достапност на услугите за жителите на Кисела Вода – велат од локалната самоуправа.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска ја истакна важноста на партнерскиот однос меѓу институциите во интерес на јавната безбедност.

-Оваа заедничка иницијатива е најдобар показател дека локалната и централната власт се целосно посветени на решавање на реалните потреби на граѓаните. Планираната изградба на новата полициска станица е стратешки чекор за нашата општина, бидејќи безбедна и посигурна средина е основниот предуслов за безгрижното секојдневие на секое семејство. Заеднички поставуваме цврсти темели за континуирано унапредување на квалитетот на живот – изјави Стаменкоска – Трајкоска.

За министерот Тошковски, оваа инвестиција е резултат на заедничката посветеност за создавање посигурна средина за сите граѓани.

-Оваа соработка е резултат на заедничка посветеност со локалната самоуправа за создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани. Преку конкретни проектни активности ќе работиме на реализација на овие објекти, но и на други иницијативи од заеднички интерес. Нашата цел е јасна, а тоа се институции што се поблиску до граѓаните, поефикасни услуги и континуирано унапредување на безбедноста. Продолжуваме со конкретни мерки и инвестиции што носат видливи резултати- изјави Тошковски.

Во насока на овие заложби за ефикасни институции достапни за сите, министерот за внатрешни работи денеска потпиша ваков Меморандум за соработка и со градоначалникот на Општина Илинден.

ИЗДВОЕНИ