петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Виткоф: Ја замолив Русија да не му предава разузнавачки информации на Иран

Виткоф: Ја замолив Русија да не му предава разузнавачки информации на Иран

257
EPA/AL DRAGO / POOL

Американскиот специјален претставник, Стивен Виткоф, изјави дека побарал од Русија да не споделува разузнавачки податоци со Техеран за време на тековната американско-израелска воена операција против Иран.

„Јас тоа им го ставив јасно до знаење“, рече Виткоф кога новинарите во американскиот претседателски авион го прашаа дали контактирал со Москва за да ја замоли да не споделува информации со Иран за можни цели или да дава друга поддршка.

Тој додаде дека се надева оти Русија не му дава таков вид помош на Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кога новинарите го прашаа дали Вашингтон има докази дека Русија му пренесува такви информации на Иран, рече дека не знае.

„Не знаеме. Дури и ако тие (Иран) ги добијат тие информации, тоа не им помага многу“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ