Норвежанката во брзо лизгање, Рагне Виклунд (25), ја освои титулата на Светското првенство во Херенвен, Холандија, докажувајќи дека во моментов е најразновидната натпреварувачка на планетата. Ова е прва титула за Норвешка во оваа категорија по 88 години, бидејќи последен пат најдобра беше Лејла Шеј Нилсен, во далечната 1938 година, на третото официјално натпреварување одржано во Осло.

Виклунд, која многумина ја нарекуваат „танчарка на мраз“ поради извонредниот стил на минување низ кривините, многу мудро ја распредели својата сила во текот на претходните два дена (едно прво, едно трето и едно петто место), така што на последната трка лизгаше доволно за да победи во генералниот пласман.

Второто место на трката на 5.000 метри, како и во генералниот пласман, го освои Холанѓанката Маријке Гроеневуд (27), која се искачи од четвртото место по првите три растојанија до сребрениот медал, благодарение на екстремно бавниот последен круг на Јапонката Михо Такаги (31), за која се верува дека наскоро ќе се повлече од брзото лизгање, иако изјави дека сè уште не ѝ се оди во пензија.

ИЗДВОЕНИ