На 27 март, во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот „Миланова игра“ – вечер посветена на творештвото на маестро Милан Завков, еден од најзначајните македонски композитори и виртуози на хармоника.

Картите за концертот се достапни на mktickets.mk
Со своето долгогодишно творештво, Завков остави значаен белег во македонската изворна и новокомпонирана народна музика, создавајќи композиции и ора кои денес се дел од колективното музичко наследство. Неговиот препознатлив стил и виртуозност придонесоа народната музика да добие новауметничка димензија и да остане жива низ генерации музичари и публика.
Програмата на концертот вклучува избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, во нови аранжман и на врвните аранжери Дамир Имери и Дарко Илиевски, изведени од специјално оформен камерен оркестар.
Концертот дополнително ќе биде збогатен со настапитен на специјалните гости: Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Горан и Ленче Кукиќ, како и Дино Имери на пијано и Катарина Броња на флејта, а веројатно и легендарната Виолета Томовска, во зависност од нејзината моментална здравствена состојба. Водителка ќе биде прекрасната Ирена Спировска.
„Миланова игра“ претставува исполнување на една од неговите последни желби – неговата, но и македонската народна музика, да добијат нов живот во современ формат кој ја задржува нивната автентичност, а истовремено им дава нова уметничка димензија. Токму преработката на„Ревиско оро“, во изведба на Дино Имери, беше инспирацијата за оваа идеја. Со овој концерт сакаме да јаи сполниме таа негова желба и повторно да ја донесеме неговата музика пред публиката.“ – велат од семејството Завкови.
Дознајте повеќе на линкот и бидете дел од ова посебно музичко доживување.














