петок, јули 10, 2026
Дома СКОПСКА Видеонадзор на детските и на спортските игралишта во Аеродром

Видеонадзор на детските и на спортските игралишта во Аеродром

12

Општина Аеродром почнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и на спортските игралишта, како и во парковите.

На последната седница на Советот беше усвоен предлогот за почнување на постапката.

– Новиот систем ќе придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и на игралиштата, како и поддршка на надлежните институции во откривањето на сторители на казниви дела. Истовремено, ќе обезбеди поголем јавен ред, поголема безбедност и подобра заштита на јавната инфраструктура – потенцираат од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека ќе се спроведе реализацијата согласно со законските процедури, со целосно почитување на заштитата на личните податоци и на сите пропишани стандарди.

– Секое искршено игралиште е загуба за сите, а најмногу за нашите деца. Затоа, покрај реконструкцијата и обновата на спортските и на детските игралишта, преземаме конкретни чекори за нивна трајна заштита. Нема компромис со вандализмот – децидни се од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ