Општина Ѓорче Петров првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од Општината. Со оваа мерка се опфатени 360 полуматуранти, кои ќе добијат по 5.000 денари.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги потпиша решенијата за исплата на финансиската поддршка.
– Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици. Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. Првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што се гради силна заедница со грижа, посветеност и си конкретни дела – истакна Стојкоски.












