вторник, октомври 6, 2026
Дома МАГАЗИН Весна Змијанац со концерт во Скопје, на 28 ноември

Весна Змијанац со концерт во Скопје, на 28 ноември

1

Мегапопуларната пејачка Весна Змијанац, по долгогодишна концертна пауза, ќе настапи во Скопје, во „Т-арена“ (или „Борис Трајковски“), на 28 ноември, а во рамките на својата голема европска турнеја. Таа има зад себе пет децении успешно музичко минато и бројни хитови, кои со години се дел од секојдневието на многу генерации.

Со концертот во Скопје “И да имам сто живота“, таа ќе ја потсети публиката на тие стари песни, а ќе ги промовира и овие најновите. За нашиот главен град ја врзуваат многу убави спомени и другарување со колегите од македонската естрада. Интересот на публиката го надмина очекуваното, па постои можност да се одржи уште еден нејзин концерт. Но, самата таа вели, трпение-спасение!  (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ