вторник, октомври 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тетовка го малтретирала своето десетмесечно бебе и ја нападнала 19-годишната ќерка

Тетовка го малтретирала своето десетмесечно бебе и ја нападнала 19-годишната ќерка

0

Триесет и петгодишна жена од Тетово е лишена од слобода по пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка. Случајот е пријавен во полиција, а во него се вклучени и јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека на 5 октомври во 23:40 часот од слобода била лишена З.М., откако било пријавено дека физички ја нападнала својата ќерка.

Според пријавата на 19-годишната девојка, нејзината мајка го запоставувала и малтретирала нејзиното десетмесечно бебе.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, кои ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.

Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ