EPA/JOHN G. MABANGLO

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка откако се вери со својот партнер ја освои титулата на престижниот турнир Индијан Велс, откако во драматично финале ја совлада казахстанската тенисерка Елена Рибакина со 3:6, 6:3, 7:6.

Двете тенисерки беа одлични на сервис во текот на финалето. Рибакина забележа 12 аса, додека Сабаленка имаше 10 директни поени од сервис. За Сабаленка ова е вкупно 23. титула во кариерата на ВТА турнејата, а воедно и прва освоена на турнирот во Индијан Велс, откако претходно беше поразена во финалињата во 2023 и 2025 година.

ИЗДВОЕНИ