вторник, август 18, 2026
Дома СПОРТ Веќе се знае идниот клуб на Ерлинг Халанд

Веќе се знае идниот клуб на Ерлинг Халанд

0
epa10184583 Erling Haaland of Manchester City reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Ерата на англискиот интернационалец, Хари Кејн, во редовите на Баерн (М) се ближи кон својот крај. Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од оваа сезона, но постои можност соработката да продолжи барем за уште една сезона.

Сепак, Баварците веќе размислуваат за иднината. По Роберт Левандовски и Кејн, тие сакаат уште еден напаѓачки ѕвер во своите редови и се подготвени да испратат понуда за Ерлинг Халанд.

Иако норвешкиот напаѓач главно се поврзуваше со Реал (М) и Барселона, тој на крајот би можел да заврши во Баерн (М), барем така тврдат медиумите во Германија.

„За две или три години, норвешки киборг би можел да го преземе тронот“, објавува Билд.

Халанд многу добро знае што да очекува во Германија, претходно играше за Борусија Дортмунд и изгледаше навистина врвно.

Во ерата на Пеп Гвардиола, тој ги сруши сите рекорди во Манчестер Сити. Сепак, постојано се зборува за негово заминување, но досега Баерн (М) не беше прва опција.

Јасно е дека потенцијалниот трансфер би можел да биде еден од најголемите во историјата. Пазарната цена на Халанд е дури 220 милиони евра, а неговиот договор со „граѓаните“ е со важност до летото 2034 година.

Сепак, на сите им е јасно дека играчот има желба да се испроба во друг голем клуб и затоа Баерн (М) сега е сериозна опција, исто како Барселона и Реал.

Халанд влегува во својата петта сезона со тимот од Манчестер, а 26-годишникот постигна 162 гола и имаше 30 асистенции во 199 настапи.

Доаѓањето на Халанд во Минхен би значело голема промена за сите вклучени страни. Баерн би добил напаѓач околу кого би можеле да го изградат следното поглавје од тимот, додека Норвежанецот би добил можност за нов предизвик на големата сцена.

 

 

ИЗДВОЕНИ