сабота, ноември 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на Еди Рама

Посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на Еди Рама

0
EPA/BORIS PEJOVIC

Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама, утре во Охрид и Струга ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Охрид. Засилените безбедносни мерки ќе почнат во 6 часот наутро и ќе траат до 17 часот. Посебниот режим ќе го опфати патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и вила „Охрид“, како и делницата од аеродромот „Св. апостол Павле“ до вилата.

Од СВР Охрид ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и навреме да ги приспособат своите маршрути на движење.

ИЗДВОЕНИ