сабота, ноември 21, 2026
Дома СВЕТ Руски хеликоптер навлегол 4,1 километри во Финска: Хелсинки истражува нарушување на воздушниот...

Руски хеликоптер навлегол 4,1 километри во Финска: Хелсинки истражува нарушување на воздушниот простор

0

Финското Министерство за одбрана соопшти дека постои сомневање оти руски хеликоптер денеска го нарушил финскиот воздушен простор во близина на градот Ловиса, на брегот на Финскиот Залив, навлегувајќи 4,1 километри длабоко во финска територија.

Според Министерството, инцидентот се случил во 12:34 часот по локално време, објави финскиот јавен сервис „Yle“.

Финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, изјави дека нарушувањето на воздушниот простор можеби е поврзано со операции за спасување или надзор, во кои е вклучен руски товарен брод што претрпел оштетувања во Финскиот Залив.

Финските одбранбени сили и Граничната служба ја следат ситуацијата во координација со други надлежни органи, наведе Хаканен во изјавата објавена од Министерството за одбрана.

Финската гранична служба спроведува истрага за наводното нарушување на воздушниот простор.

ИЗДВОЕНИ