четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вечерва на Скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел

Вечерва на Скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел

47

Групата македонски државјани кои беа евакуирани од Израел и патуваа преку Египет, се очекува вечерва околу 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје.

Според најавите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), на аеродромот патниците ќе бидат пречекани од заменик-министерот Зоран Димитровски.

Покрај оваа група, бројот на македонски граѓани кои побарале помош од подрачјата погодени од конфликтот постојано расте. Досега, до македонските амбасади се обратиле:

505 лица во Абу Даби (ОАР);
141 лице во Доха (Катар);
31 лице во Кувајт;
14 лица во Бахреин.
Министерството информира дека веќе е разработен план за нивно враќање:

„Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.“

Од МНРиНТ упатуваат апел до сите граѓани кои се наоѓаат во загрозените региони, а сè уште не контактирале со нашите претставништва, да го сторат тоа веднаш преку дежурните телефони или СОС-бројот на Министерството.

ИЗДВОЕНИ