четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Орбан: Ќе ја принудиме Украина повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“ со...

Орбан: Ќе ја принудиме Украина повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“ со политички и финансиски средства

350
Фото: EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Будимпешта ќе употреби „политички и финансиски средства“ за да ја принуди Украина повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“, кој ги снабдува унгарските рафинерии со нафта од Русија.

Протокот на нафта од Русија, преку Украина, до Унгарија и Словачка беше прекинат кон крајот на јануари, кога Киев објави дека нафтоводот е сериозно оштетен во пожар по рускиот напад.

Будимпешта и Братислава го обвинуваат Киев за одложување на отворањето на нафтоводот од политички причини. Украина тврди дека нафтоводот не може брзо да се поправи, пишува „Ројтерс“.

Сакам јасно да ставам до знаење дека ќе победиме и тоа ќе го сториме со сила. Немаме воена моќ за тоа, ниту е дел од нашите планови, но имаме политички и финансиски средства, рече Орбан, додавајќи дека „нема да има компромиси“.

Ќе ги победиме, ќе ја надминеме блокадата на нафтата и ќе ги принудиме Украинците да продолжат со испораките, рече Орбан, пренесе „Фонет“.

ИЗДВОЕНИ