вторник, јуни 16, 2026
Дома БАЛКАН Важно за сите туристи: Вака изгледа апликацијата за полесно преминување на границите...

Важно за сите туристи: Вака изгледа апликацијата за полесно преминување на границите на ЕУ/ФОТО

2245
EPA/ROBERT GHEMENT

Границите кон Европа повеќе не се исти, пасошите повеќе не се печатат, туку секој влез и излез се евидентира дигитално, со задолжително фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Новиот EES систем е целосно имплементиран на надворешните граници на Европската Унија од април и важи и за граѓаните на Македонија. Наместо да се забрзаат граничните премини, новиот систем создаде метеж.

Поради оваа причина, Европската Унија воведува нова дигитална услуга што би можела значително да го олесни преминувањето на границите за патниците. Станува збор за апликацијата „’Travel to Europe“, достапна за преземање на Google Play и Apple Store, која има за цел да ги намали метежите и да ги забрза процедурите на граничните премини.

Фото: screenshot

Наместо на границата, однапред можете:
да испраќате податоци за пасошот;
да го скенирате чипот од биометрискиот пасош (NFC);
да направите селфи за идентификација;

да пополните прашања за патување.

Податоците се внесуваат не порано од 72 часа пред патувањето, а на границата се прикажува потврда и лицето оди на гранична контрола. Апликацијата не гарантира влез во ЕУ – конечната одлука ја донесува граничната полиција.

Оваа апликација моментално работи само во две земји, Шведска и Португалија. Постепено ќе се воведува во другите земји од ЕУ во текот на 2025-2026 година.

Кои се корисниците:

Граѓани на земји кои не се членки на ЕУ;
Носители на биометриски пасоши;
Краткорочни патници за туризам, посети…
Не можат да ја користат оние кои имаат дозвола за престој или долгорочна виза за ЕУ.

Бројни предности
Главната идеја е:

– помалку чекање на границата

– побрза пасошка контрола

– дигитална евиденција за влез/излез (без печати)

ИЗДВОЕНИ