Скопјанка на возраст од 67 години била повредена, откако едно лице фрлало камења кон неа на подрачјето на Ѓорче Петров.
Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил на 29 октомври во попладневните часови. Жената претходно го опоменала лицето и се обидела да го сними со мобилен телефон, бидејќи фрлало камења и земја на улица која требало да биде асфалтирана.
По ова, лицето почнало да фрла камења кон неа и ѝ нанело телесна повреда. МВР презема мерки за расчистување на настанот, велат оттаму.











