Соединетите Американски Држави ќе испечатат, по повод прославата на 250-годишнината од државноста во јули, ограничен број специјално дизајнирани пасоши со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Стејт департментот“.
„Додека Соединетите Американски Држави ја прославуваат 250-годишнината од Америка во јули, „Стејт департментот“ се подготвува да издаде ограничен број специјално дизајнирани американски пасоши за да го одбележи овој историски настан“, изјави портпаролот на „Стејт департментот“, Томи Пигот, за „Фокс њуз“.
Пигот рече дека пасошите, со прилагодени уметнички дела и подобрени слики, ќе содржат „исти безбедносни карактеристики што го прават американскиот пасош најбезбедниот документ во светот“.
Предната страна на корицата на специјалното издание на американските пасоши е малку изменета, зборовите „Соединети Американски Држави“ се зголемени и поставени на врвот од пасошот, над грбот.
На задната корица ќе биде американското знаме со бројот „250“, кое се наоѓа во центарот помеѓу 13-те ѕвезди, кои беа на верзијата на знамето од 1777 година, пренесува „Танјуг“.

принтскрин:Стејт Департмент
Претставник на „Стејт департментот“ изјави дека новите дизајни ќе бидат достапни за „секој американски граѓанин“ кој ќе аплицира за пасош.












