Македонскиот ракометен шампион, Вардар ги доби противниците за новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено – црените“ ќе играат во Групата Б со тимовите на Нант (Франција), Мелсунген (Германија) и Висла Плок (Полска). На ждрепката во Виена, двократниот европски првак чекаше противници од последниот, четврти шешир и може да се каже дека имаше среќа, бидејќи се падна во група со протовници кои може да ги победи.
Групи за првата фаза во Лигата на шампионите:
Група А: Веспрем, Фуксе Берлин, Порто, Партизан
Група Б: Нант, Мелсунген, Висла Плок, Вардар
Група Ц: Алборг, ПСЖ, Загреб, Целје
Група Д: Спортинг, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Кристианштад
Група Е: Барселона, Монпелје, Динамо Букурешт, Архус
Група Ф: Магдебург, Киелце, Колстад, Криенс
Во новата сезона Лигата на шампионите ќе се игра по нов формат, откако Европската ракометна федерација – ЕХФ одлучи за проширување на најсилното ракометно клупско натпреварување од 16 на 24 екипи.
Стартот на првата групна фаза е закажан за во септември, а распоредот се очекува да биде познат во наредните денови.











