петок, јуни 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Реновираните хируршки сали од април ќе се отворат на крајот на јуни

Реновираните хируршки сали од април ќе се отворат на крајот на јуни

55

Министерот за здравство Азир Алиу уверува дека шесте реновирани хируршки сали на Клиничкиот центар, кои беа промовирани во април, ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни. Ова на министерот му било ветено од страна на странски експерти кои ги правеле проверките на протоколите за оперирање на пациенти.

„Откако ќе помине оваа верификациона постапка од странските експерти, треба да поминат уште три до четири дена , да се направат брисеви од страна на Институтот за јавно здравје кои треба три последователно да бидат негативни. Имаше забелешки од странските експерти еве на пример тоа за миење на раце било помало па требаше да се смени, има протокол за отпочнување на операции кој треба да се обезбеди, објасни Алиу.

Од шесте сали што се реновираа две се за ТОАРИЛУЦ, две за Клиниката за урологија и две за Детска хирургија. Треба да се реновираат уште 4 кои според Алиу ќе биле пасивни. 

На промоцијата во април, директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџаноски рече дека проектот за 10 сали е направен во два дела поради тоа што не сакале да запре работата во терцијарното здравство. Проектот  за обнова на 10 операциони сали чини вкупно 282 милиони денари или над 4,5 милиони евра. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ