Најтрофејниот македонски ракометен клуб  Вардар се наоѓа на само еден бод од официјална заверка на титулата и враќање на шампионската титула во Скопје, откако во рамки на 6. коло од плеј-офот во Суперлигата, пред својата публика славеше над Алкалоид  со 30:27. Овој меч имаше посебно значење за црвено-црните, затоа што го славеа 65. Роденден, на кој беа присутни и легендите на клубот.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Јака Малус со осум гола, но голем придонес во триумфот даде голманот Милош Валах кој фати 14 топки. Кај Алкалоид, Ненад Костески даде шест гола, а Иван Галевски имаше шест одбрани, додека Марко Кизиќ додаде три.

Вардар на своето конто има 54 бода, зад него е Еурофарм Пелистер кој има 44 бода и меч помалку против Тиквеш. До крајот на плеј-офот има четири кола и во игра се осум бода, а токму во следната рунда двата најголеми ривали ќе се судрат во Скопје.

ИЗДВОЕНИ