Бранителот на пехарот во Купот на Македонија, тимот на Вардар, се пласираше во финалето, откако славеше без поголеми проблеми над Автокоманда со 33:28.
Противник на Вардар во големото финале в недела од 20:00 часот ќе му биде екипата на Охрид, која претходно го совлада Еурофарм Пелистер со 26:19.
Вардар доминираше во најголем дел од мечот, голманите од Автокоманда немаа своја вечер, а тоа во комбинација со Валах и Гогов, кој влезе во финишот, беше повеќе од доволно за убедлив триумф.
Јака Малус со девет гола беше најдобар кај победникот, го следеше Јуниор Тузолана со шест гола, а голманот Милош Валах фати десет топки. Кај Алкалоид, Дамјан Митев заврши со шест гола.












