вторник, август 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ужас во Шуто Оризари: Улично куче нападнало едногодишно дете додека јадело вишрли

Ужас во Шуто Оризари: Улично куче нападнало едногодишно дете додека јадело вишрли

0

Дете на возраст од година и пол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес.

Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз детето.

При нападот, детето се здобило со повеќе каснувања и повреди по телото, меѓу кои и во пределот на лицето, увото и трупот. Веднаш било пренесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.

Според медицинската документација, случајот е евидентиран како каснување од куче. На детето му била дадена вакцина против беснило, а лекарите препорачале продолжување на предвидените дози и примање антирабичен серум согласно медицинската проценка.

Случајот бил пријавен во полиција, а семејството ангажирало и адвокат.

Родителите посочуваат дека располагаат со медицинска документација која потврдува дека детето било третирано поради повреди предизвикани од каснување од куче.

ИЗДВОЕНИ