петок, јули 17, 2026
Дома СВЕТ Ужас во Италија: Четири пеплосани тела пронајдени во запалено комбе

Ужас во Италија: Четири пеплосани тела пронајдени во запалено комбе

134

Пеплосани тела на четворица мажи беа пронајдени во запаленo комбе на италијанска бензинска пумпа, објави ДПА во понеделник.

Телата беа пронајдени во комбе кое се запали на бензинска пумпа во јужниот град Амендолари.

Според првичните полициски извештаи, се верува дека жртвите се мигранти од Пакистан. Тие наводно работеле на блиска фарма како сезонски земјоделски работници.

Многу Азијци се вработени во земјоделскиот сектор во регионот, каде што се соочуваат со ниски плати и лоши услови за работа.

Околностите на смртните случаи се непознати. Истражителите ги разгледуваат сите можни сценарија, соопштија официјални лица.

Телата ги пронашле пожарникарите кои биле повикани на гаснење на пожарот околу 13 часот во понеделник.

Бензиската пумпа, која се наоѓа на главен пат покрај морето, била опколена од полицијата.

Повикувајќи се на истражни извори, италијанската новинска агенција АНСА објави дека мажите можеби биле жртви на кривично дело.

Полицијата се надева дека снимките од безбедносните камери од бензинската пумпа ќе дадат некои одговори.

Селото Амендолара, дом на околу 3.000 луѓе, е дел од регионот Калабрија, познат по мафијата „Ндрангета“ што дејствува во областа.

ИЗДВОЕНИ