петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Утре се очекуваат до 500.000 демонстранти во Франција – властите стравуваат од...

Утре се очекуваат до 500.000 демонстранти во Франција – властите стравуваат од нови напади на државни симболи и од грабежи

14
EPA/Firas Abdullah

Се очекува меѓу 400.000 и 500.000 луѓе да учествуваат на демонстрациите низ Франција во сабота, 24 октомври. Во меѓувреме, безбедносните служби предупредија на можноста за напади врз јавни објекти и државни симболи, како и на „опортунистички грабежи“, се наведува во извештајот што денеска го објавија територијалните разузнавачки служби.

Како што пренесува „Ле Паризиен“ (Le Parisien), во документот се наведува дека сопствениците на продавници се подготвуваат за можни инциденти, а некои префектури издадоа наредби со кои се забрануваат демонстрации во одредени делови од градските центри.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да се сретне со претставници на организации на средношколци, откако учениците побараа конкретни одговори од властите и поголем ангажман во решавањето на проблемите што ги поттикнаа протестите, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ