петок, октомври 23, 2026
Дома БАЛКАН Две лица загинаа, а пет се повредени при експлозија во рудник во...

Две лица загинаа, а пет се повредени при експлозија во рудник во Турција

5

Најмалку двајца работници загинаа, а петмина се повредени во експлозија во рудник во северна Турција, соопштија официјални лица. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до уште еден работник кој останал заробен во рудникот.

Причината за експлозијата во провинцијата Зонгулдак, на брегот на Црното Море, сè уште не е позната.

Гувернерот на провинцијата изјави за новинарите дека двајца од повредените рудари се во тешка состојба, а еден од нив е префрлен во главниот град Анкара на лекување.

Рударските несреќи не се реткост во Турција. Во една од најтешките рударски несреќи во земјата – пожар во рудник за јаглен во градот Сома во 2014 година – животот го загубија 301 лице, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ