петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Руските сили извршија напад врз термоелектрана во Украина: Производството на електрична енергија...

Руските сили извршија напад врз термоелектрана во Украина: Производството на електрична енергија во постројката е прекинато

5

Украинската енергетска компанија ДТЕК (DTEK) денеска соопшти дека една од нејзините термоелектрани претрпела значителни оштетувања за време на руските напади, поради што постројката морала да го запре производството на електрична енергија.

Руските сили извршиле масовен напад врз една од термоелектраните, што довело до прекин на производството на електрична енергија, наведуваат од компанијата. Тие додаваат дека опремата во постројката претрпела сериозни оштетувања, пренесува „Укринформ“.

Од компанијата истакнуваат дека нивните термоелектрани биле цел на напади повеќе од 230 пати од почетокот на руската инвазија врз Украина.

ИЗДВОЕНИ