вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Уредничката на Би-Би-Си го праша Трамп дали ќе употреби нуклеарно оружје –...

Уредничката на Би-Би-Си го праша Трамп дали ќе употреби нуклеарно оружје – еве што ѝ одговори лидерот на САД

404
EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп даде кратко интервју за „Би-Би-Си“, во кое зборуваше за војната со Иран, но и за односот со земјите-членки на НАТО.

Уредничката на Би-Би-Си за Северна Америка, Сара Смит, разговараше со Трамп по телефон и го праша дали неговата изјава претходно овој месец дека „целата цивилизација ќе умре вечерва“ е закана за употреба на нуклеарно оружје против Иран.

„Другата страна е желна да постигне договор. Па што и да кажам или направам, се чини дека функционира многу добро. Ви благодарам многу“, рече Трамп.

Што се однесува до членките на НАТО, Доналд Трамп рече дека на САД „воопшто не им биле потребни“ во војна со Иран, но дека „тие требало да бидат таму“. Кога Смит го праша зошто сака да се приклучат во војната, Трамп одговори: „Затоа што сакав да видам дали ќе бидат вклучени или не“.

Критика кон Велика Британија
Тој рече дека САД „отсекогаш биле тука за Велика Британија и за НАТО“ и ја критикуваше Велика Британија што не вложила „барем минимален напор и барем не кажала поубави зборови“. Тој додаде дека „многу луѓе во Велика Британија јасно ѝ ставиле до знаење на неговата администрација колку неверојатно лоша одлука била Велика Британија да не се вклучи во војната“ (Велика Британија им дозволи на САД да ги користат своите бази само за „одбранбени“ воздушни напади).

Порано во повикот, Трамп за Би-Би-Си изјави дека верува оти неговиот однос со британскиот премиер Кир Стармер може да се „поправи“ ако тој „го отвори Северното Море“ и ако неговата „имиграциска политика стане посилна“ – но додаде дека „ако не го стори тоа, не мислам дека има шанса“.

ИЗДВОЕНИ