Уникаха ја освои Лигата на шампионите на ФИБА со победата над Галатасарај во Атина со 83:67. Шпанскиот тим ја одбрани титулата освоена минатата година, а тоа го направи толку доминантно што ја постигна најголемата разлика во историјата на сите девет финалиња на ова натпреварување.
Третото место во Лигата на шампионите на ФИБА оваа сезона го освои АЕК со победата од 77:73 против Тенерифе.
Шпанскиот тим стана втор во историјата на натпреварувањето што ја одбранил титулата, правејќи го тоа импресивно. Тимот на тренерот Ибон Наваро оствари 15 победи во 16 натпревари во Европа оваа сезона, предводени од МВП-то на завршниот турнир, бекот Тајсон Картер. Во натпреварот за титулата, тој постигна 14 поени, со пет асистенции, и тоа го стори заедно со плејмејкерот од минатата сезона, Кендрик Пери, кој од Атина зборуваше за смртта на српскиот кошаркар Драган Лабовиќ, негов поранешен соиграч од редовите на Карпош Соколи.