Унгарскиот министер за социјални работи и култура Золтан Тар денес потврди дека пристапот е вратен за неколку украински онлајн медиуми, по ограничувањата воведени за време на владеењето на Виктор Орбан.
Министерот денес се огласи на „Фејсбук“ за да ги критикува постапките на претходната влада.
„Во 2025 година, Фидес произволно забрани неколку украински медиуми во Унгарија како одговор на блокирањето на унгарските медиуми од страна на Украина кои не ја почитуваа новинарската етика и наместо тоа емитуваа руска пропаганда и провокативна реторика за Третата светска војна“, напиша „Тар“.
Според него, медиумите што емитуваат руска пропаганда не треба да се мешаат со вистински независни медиуми, ниту во Унгарија ниту на меѓународно ниво.
Тар рече дека задачата на новата влада е да гради добрососедски односи, пренесе „Бета“.












