недела, јуни 21, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од денеска директна авиолинија Виена – Охрид – нови можности за патниците...

Од денеска директна авиолинија Виена – Охрид – нови можности за патниците од Македонија и регионот

17

На Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ денеска ќе се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Austrian Airlines“ со што и овој меѓународен аеродром во земјава се поврзува со уште една европска престолнина.

По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена до Охрид најавена е прес-конференција на Охридскиот аеродром на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и Матијас Хуменбергер, заменик шеф на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.

Новата авиолинија ќе им овозможи на патниците полесен пристап до Виена, но и до други светски дестинации преку широката мрежа на групацијата „Луфтханза“.

Од аеродромските власти очекуваат дека директната врска ќе придонесе за зголемување на бројот на посетители, подобрување на туристичката понуда и дополнително поврзување на Охрид со меѓународните пазари.

Воведувањето на летот е уште еден чекор кон проширување на авиосообраќајот од Охрид и создавање нови можности за патниците од Македонија и регионот.

 

 

ИЗДВОЕНИ