недела, јуни 21, 2026
Дома БАЛКАН Евакуација на грчкиот остров Евија поради голем шумски пожар – по повеќечасовна...

Евакуација на грчкиот остров Евија поради голем шумски пожар – по повеќечасовна борба со огнената стихија, пожарот е локализиран

109

По часови борба со пламенот, пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот што избувна во саботата напладне во Алмиропотамос, во Каристос на грчкиот остров Евија.

Копнените сили, кои беа засилени попладне, остануваат на лице место за да ги изгаснат расфрланите пожари. 120 пожарникари со пет екипи од пешадиски одделенија, волонтери и 35 возила дејствуваат во областа, објави Катимерини.

Според соопштението, силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето и придонесуваат за ширење на нови жаришта, поради што е наредена евакуација на населението од загрозените подрачја, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ